ТРОЈЦА МРТВИ И 42 ПОВРЕДЕНИ: Страшна сообраќајка кај Солун, автобус со српски туристи се судри со автомобил

by Тони Зографски

Тешката сообраќајна несреќа во Грција, во која загинаа три лица, се случила кога возачот на автомобил со грчки таблички заспал и удрил во автобус со српски туристи, изјавил претседателот на YUTA, Александар Сеничиќ.

Како што рекол Сеничиќ, по судирот, возачот на автобусот успеал да избегне столб покрај коловозот и се превртел. При превртувањето дошло до судир со друг автомобил.

Трите жртви биле во автомобилот кој прв удрил во автобусот, потврди Сеничиќ за грчките медиуми.

Во тешка сообраќајка на патот Атина – Солун, повредени се 42 лица.

На местото на настанот веднаш пристигнале полицајци и 18 пожарникари со 6 возила.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com