Тројца македонски и еден италијански државјанин загинаа синоќа во сообраќајна несреќа во Ница, јавуваат италијанските медиуми.
Според нив до несреќата дошло кога возилото во кое се наоѓале тројцата македонски државјани на возраст од околу 30 години, се судрило со автомобил со кој патувал 23-годишниот Италијанец од местото Асти во северозападна Италија.
Истрагата за причините за несреќата е во тек, а на местото на настанот увид извршиле припадници на сообраќајната полиција. Извори од полицијата изјавиле дека засега немаат детели за сообраќајната несреќа, но дека „со сигурност знаат“ дека станува збор за фронтален судир.