Влегле да пливаат, но не можеле да стигнат до брегот ризикувајќи да се удават. На тројцата туристи првично им била укажана прва помош од други туристи, како и од крајбрежната стража, а потоа итно биле пренесени во болница. Според полицијата, двајца од нив на возраст од 66 и 60 години се во тешка состојба на одделот за интензивна нега во болницата во Драч.

48-годишниот Ш.А. е надвор од животна опасност. Во тешка состојба се К.А., 66 години и другиот сè уште неидентификуван, на возраст од околу 60 години.

Туристите ги ризикуваат своите животи на плажите во Албанија, бидејќи често го надминуваат безбедносниот периметар дури и кога морето е немирно и со бранови, објави Топ Ченел.

Полицијата во Каваја зилезе со соопштение:

Полициско известување:

„Тројца граѓани од Македонија попладнево ризикуваа да се удават на плажата Голем додека пливаа.

Веднаш им била укажана прва помош од останатите туристи, крајбрежната стража и полициските службеници од Каваја кои биле дежурни на крајбрежјето.

Сите тројца граѓани се испратени во Регионалната болница во Драч за укажување лекарска помош.

48-годишниот државјанин е надвор од животна опасност, додека 66-годишниот државјанин и другиот државјанин, се уште неидентификувани, на возраст од околу 60 години, се во тешка состојба.

Истражната група работи на расветлување на околностите на настанот.