Тројца македонски туристи за малку ќе загинеа на плажата Голем во Драч, Албанија..
Влегле да пливаат, но не можеле да стигнат до брегот ризикувајќи да се удават. На тројцата туристи првично им била укажана прва помош од други туристи, како и од крајбрежната стража, а потоа итно биле пренесени во болница. Според полицијата, двајца од нив на возраст од 66 и 60 години се во тешка состојба на одделот за интензивна нега во болницата во Драч.
48-годишниот Ш.А. е надвор од животна опасност. Во тешка состојба се К.А., 66 години и другиот сè уште неидентификуван, на возраст од околу 60 години.
Туристите ги ризикуваат своите животи на плажите во Албанија, бидејќи често го надминуваат безбедносниот периметар дури и кога морето е немирно и со бранови, објави Топ Ченел.
Полицијата во Каваја зилезе со соопштение:
Полициско известување:
„Тројца граѓани од Македонија попладнево ризикуваа да се удават на плажата Голем додека пливаа.
Веднаш им била укажана прва помош од останатите туристи, крајбрежната стража и полициските службеници од Каваја кои биле дежурни на крајбрежјето.
Сите тројца граѓани се испратени во Регионалната болница во Драч за укажување лекарска помош.
48-годишниот државјанин е надвор од животна опасност, додека 66-годишниот државјанин и другиот државјанин, се уште неидентификувани, на возраст од околу 60 години, се во тешка состојба.
Истражната група работи на расветлување на околностите на настанот.