Тројца италијански фудбалери се заразени од коронавирусот

by Тони Зографски

Членот на италијанската фудбалска Серија Ц, Пианесе потврди дека тројца од играчите на клубот, како и еден официјално лице  се позитивни на испитувањата за коронавирусот.

– Во овој момент инфицирани се четворица, тројца фудбалери и едно официјално лице на клубот. Првиот заразен е млад играч кој почна да добива покачена температура и главоболка во саботата, кога тимот гостуваше во Алесандриа. Вториот играч веќе е во карантин во својот дом, не покажува никакви симптоми, а третиот покажува знаци на треска. Четвртото лице кое е тестирано за позитивно е официјално лице на клубот кое ова утро со амбулантно возило е пренесено во болницата во Сиена, -стои во соопштението од италијанскиот клуб.

Инаку, во Италија од вирусот Ковид 19 досега се заразени 889 лица, 21 починаа, 46 лица се сметаат за излечени.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com