Ванеса Брајант, сопругата на трагично починатиот Коби Брајант не може да се помири дека остана без својата 13-годишна ќерка и легендарниот кошаркар.
Таа излезе со нова трогателна објава, нејзините зборови доволно говорат за болката со која живее.
„Мојот мозок одбива да прифати дека ги нема Коби и Џиџи. Не можам да ги процисирам и двајцата во исто време. Се обидувам да прифатам дека го нема Коби, но моето тело одбива да прифати дека мојата Џиџи повеќе нема да се врати кај мене. Зошто треба да се разбудам, кога моето девојче нема можност за тоа. Многу сум лута. Имаше многу за живеење. Сфаќам дека треба да бидам силна за моите три ќерки. Но, лута сум што не сум со Коби и Џиџи, но истовремено благодарна што сум со Бјанка, Наталија и Капри. Знам дека ова што го чувствувам е нормално…Посакував ова да биде кошмар“, е дел од новата објава на Ванеса.
https://www.instagram.com/p/B8ZavYwDZ5y/?utm_source=ig_web_button_share_sheet