За сите оние кои сакаат да имаат рамно стомаче постојат пијалоци кои помагаат во топењето на масните наслаги. Знаеме дека газираните и алкохолните пијалоци воопшто не се добри за нашиот струк. Но, за сите оние кои сакаат да имаат рамно стомаче постојат пијалоци кои помагаат во топењето на масните наслаги. Еве кои се тие:
Ароматизирана вода
Кога се обидувате да се ослободите од прекумерните килограми, многу е важно вашиот организам да биде хидратизиран. Консумирањето на поголеми количини на вода му помага на вашето тело да го одржи соодветниот баланс на течностите, да го запре нивното задржување во организмот, а и да ви помогне да имате чувство на ситост.
Ладен чај од нане
Тој е одлично суперефикасен пијалок кој ќе ви помогне да имате рамен стомак. Нането му помага на желудникот да ги преработи мастите, а со тоа, и за побрзо и поефикасно преработување на храната што содржи маснотии, со што спречува да имате надуен стомак.
Зелен чај
Покрај намалување на ризикот од рак и срцеви болести, зелениот чај му користи на целиот организам бидејќи содржи катехини, антиоксиданти за кои истражувањата покажале дека помагаат и за намалување на масните наслаги од стомакот. Ако пиете зелен чај пред вежбање, тој може да го зголеми согорувањето на мастите при овие активности.