Докторот Бранимир Несторовиќ во емисијата “Здраво со професорот“ објаснил колку време е потребно да се вљубите и како за нас тие 0,6 секунди во целост ја менува состојбата на свеста. Меѓу друго, познатиот доктор образложил колку е добар сексот за здравјето и подобрување на имунитетот.
– Прво личноста ве привлекува визуелно и тој ефект е краткотраен. После тоа следи интересен феномен, а тоа е оној кој вам ви се допаѓа поточно го намирисате. Мирисот на потта на таа личност го препознавате како сексуално привлечен или непривлечен.
– После мирисањето, следните 0,6 секунди сте заглавиле. Во следните 0,6 секунди веќе сте се заљубиле. Ако е таа вистинската личност, чии мирис на пот ве потрефил, импулсот поминал низ мозокот, измерени се 0,6 секунди, а следните шест недели сте асолутни зомби. Оние кои сериозно се вљубени се зомби. Тие повеќе немаат мозок, само одат наоколу и ја бараат таа личност во која се вљубиле. Тој феномен трае околу шест недели – вели Несторовиќ.
Несторовиќ објаснува кои се благодетите на сексот:
– Сексот е исклучителен лек против стерс. Во момент на доживување оргазам кај жената нивото на антистерсни хормони е екстремо восоко и велат дека неопходно за оптимално по здравјето на жената е да има три оргазми неделно. Сексот е стимулација за имунолошкиот систем. Постојат теории кои докажуваат дека отсуството на се*с ужасно ја намалува способноста на организмот да се избори со инфекции – заклучил Несторовиќ.