Сите сме свесни и постојано читаме за квалитетите на секој хороскопски знак, но дали знаете кои се вашите маани?
Ова се 3-те најлоши особини на секој знак од Зодијакот.
Овен
- Вашето мото би требало да биде реченицата: „Одма, веднаш, одма!“ Вие постојано сте во брзање и сте нестрпливи.
- Ако не е ваша идеја, воопшто не се грижите за неа.
- Знаете да бидете мнооогу незрели.
Бик
- Вие сте посесивни, материјалисти и не знаете како да делите.
- Вие сте тврдоглави.
- Знаете да бидете мрзливи и хедонисти.
Близнаци
- Толку сте специфични што вашите соговорници никогаш не знаат што да прават со вас.
- Сакате да го слушате вашиот глас, па затоа секогаш им упаѓате во збор на другите.
- Вие имате толку многу хобија што на ништо не сте посветени целосно.
Рак
- Постојано го менувате вашето расположение.
- Внимателни сте и плашливи.
- Чувствителни сте и ретко кога може да се знае која ситница би можела да ве погоди.
Лав
- Толку многу се сакате себеси што едноставно не можете да ѝ одолеете на ниту една површина која има одраз.
- Доколку сакате нешто, подготвени сте да направите сè што е во ваша моќ за да го добиете.
- Желбата да бидете во центарот на вниманието може да биде проблематична, бидејќи никој не сака личности кои сметаат дека се центарот на Универзумот.
Девица
- Ги осудувате сите околу себе и луѓето никогаш не знаат кога би можеле да ги земете на заб.
- Знаете да ситничарите и да им префрлате на луѓето за секакви глупости.
- Можете да бидете крајно песимистични и да ги повлечете сите околу вас во вашето негативно расположение.
Вага
- Вие сте навистина неодлучни и договарањето со вас за нешто е вистински пекол.
- Склони сте да се откажете од вашите принципи само за да можете да направите некого среќен и да го задржите мирот.
- Вашата фасцинација со убавината ве доведува до посветување премногу време за средување на себеси.
Скорпија
- Вие сте одмаздољубиви и подготвени сте некому да му го загорчите животот доколку ве повреди или оштети.
- Вашите манипулаторски способности можат сериозно да нарушат нечие ментално здравје.
- Вие никогаш не сте само лошо расположени, туку истовремено сте и во длабока мизерија.
Стрелец
- Искрени сте до таа мера што понекогаш звучите како едноставно да сакате само да повредите некого.
- Сакате да глумите дека баш сè знаете.
- Ако не правите нешто ново и возбудливо, најверојатно ви е смртно досадно.
Јарец
- Толку сте опседнати со контролата, што не разбирате што е тоа опуштање.
- Спремни сте без размислување да ги искористите другите за својот напредок.
- Уживате да зборувате за негативните работи и се храните со негативната енергија.
Водолија
- Сакате да мислите дека сте објективни и рационални, па токму затоа брзате и ги осудувате другите.
- Постојано мечтаете и живеете во некој свој свет, па затоа луѓето ве доживуваат како ладни.
- Секогаш нудите совети, но подеднакво често не слушате што соговорникот навистина ви говори.
Риби
- Сакате да се препуштите на животните околности, па многу често ви бега контролата над вашиот сопствен живот.
- Често пропуштате да ги забележите потребите на другите.
- Многу сте наивни.