Претставата „Фигурае Венерис Хисториае – Љубовни пози на историјата“ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска, на 15. Меѓународен Фестивал на актерот, што се оджа во Нишиќ, Црна Гора, е наградена со три награди – објави порталот ако.мк.
Награда за споредна женска улога за актерката Ангела Наумоска, за споредна машка улога за Зоран Иваноски и награда за колективна игра во претставата за Народен театар ,,Војдан Чернодрински“од Прилеп.
Четвртата вечер на овој меѓународен фестивал беше посветена на македонскиот драматург и писател Горан Стефановски, кој почина пред три дена во Велика Британија.
Публиката го испрати на последното патување со долготраен аплауз, а режисерот Горан Булајиќ , по одличната изведба на претставата од Горан Стефановски, рече дека актерите со својот бравурозен настап покажаа колку голем автор е Горан Стеафовски.
,,Тој е повторно жив и е меѓу нас. Тоа само театраот го може“-рече Булајиќ.