Милорад Милошевиќ (65), возач на градски автобус на линијата 507, во Белград бил претепан, откако три непознати лице физички го нападнале од засега непознати причини.
Со тешки телесни повреди, тој бил превезен во Ургентен центар, а инцидентот се случил откако патниците го напуштиле автобусот и кога Милошевиќ тргнал да ја прави документацијата.