Четири лица, вклучувајќи и едно бебе се удавија кога брод со илегални имигранти потона во турските води на Егејското Море, соопшти денеска турската крајбрежна стража.
На чамецот се наоѓале мигранти и бегалци од Иран и Авганистан, кои се обидувал илегално да стигнат до грчкиот остров Лезбос, но чамецот потонал во покраината Чанаккале.
Потрагата беше стопирана откако беа спасени мигрантите, кои кажале дека на бродот биле вкупно 15 лица.
Инаку, Турција е главен пат за нелегални имигранти што се обидуваат да влезат во Европа, особено од 2011 година, кога почна граѓанската војна во Сирија.