Елиф Елмас
Македонската фудбалска репрезентација со 3-1 ја победи Летонија во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2020. Стрелци за нашиот состав беа Езгјан Алиоски во 12.минута и Елиф Елмас во 30. и во 90.минута. Летонците постигнаа почесен гол преку Вјачеславс Исајевс во 87.минута.
Нашите репрезентативци одиграа феноменално прво полувреме по кое имаа водство од 2:0. Во второто полувреме избраниците на Ангеловски се опуштија, па пред крајот на средбата примија неочекуван гол. Во судиското продолжение со маестралнито гол на Елмаз ја осигуравме победата.
Инаку, Горан Пандев вечерва по 100-ти пат го носеше дресот на националниот тим, а пред мечот доби подароци од фудбалската Федерација.
Во недела од 20.45 и гостуваме на Словенија.