Три различни генерации на семејството Крафорд се појавија на хуманитарниот настан “Women’s Guild Cedars-Sinai Luncheon’“ во Лос Анџелес. Топ моделот Синди Крафорд, на настанот дојде со својата ќерка, моделот Каја Гербер, како и со нејзината мајка Џенифер Маки.
Трите дами се фотографираа заедно за медиумите, а фотографиите ги споделија на социјалните мрежи.
Инаку, Каја Гербер веќе важи за еден од најбараните и најпопуларните модели во светот.