Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека синоќа преку единствxен број за итни повици Е-112 добиена е дојава за одрон на магистралниот пат Скопје-Тетово, после Карпалак.
За настанатата состојба од страна на РЦУК Тетово известена е сообраќајна полиција и ЈП за оддржување на магистрални и регионални патишта и истите известиле дека пратиле екипа со 2 вработени е едно возило се со цел да се исчисти патот.
Како последица на одронот има оштетено 3 возила, но нема повредени лица. Сообраќајот во моментот се одвива отежнато.