Францускиот стил е идеална модна инспирација за жените кои ја сакаат едноставноста и лежерноста во облекувањето, а за оние кои сакаат повозбудливи модни игри, тука е италијанскиот стил. Заедно со Французинките, Италијанките се познати како најдобро облечени жени на светот. Во продолжение прочитајте ги трите златни правила на нивниот стил.
Се облекуваат и за себе и за другите
За Италијанките, убавото облекување е многу повеќе од заинтересираност за мода. Тие секогаш сакаат да остават добар прв впечаток, па затоа им е важно да бидат добро облечени, но грижата за тоа што го носат е и израз на почит кон луѓето.
Грижата за сопствениот изглед е дел од италијанската култура – тоа покажува дека сте усвоиле добри манири. Една Италијанка на кафе со пријателката во град нема да дојде со тренерки и патики. Ќе се дотера и за себе и за нејзината пријателка.
Важно е да се истакне дека тоа не значи дека таа ќе биде облечена во некои скапи или посебни парчиња.
Напротив, на неа може да видите наједноставната комбинација на облека составена од парчиња по пристапни цени, но нејзиниот изглед ќе биде усогласен со местото каде што излегла и со приликата.
Кога станува збор за специјални пригоди, Италијанките сакаат да импресионираат и ќе се потрудат да воодушеват со својот стил на облекување.
Тие внимаваат на кројот
Италијанките нема да ги видите, на пример, во премногу долги панталони или премногу кратко сако.
Кај нив сè е на свое место
За Италијанките, добриот крој е клучот на доброто облекување и секое парче облека е прилагодено на нивната фигура.
Тие не се големи љубители на бредирани предимензионирани парчиња кои целосно ја покриваат линијата на телото, но нема да посегнат ниту по премногу тесни парчиња кои се препиени на телото.
Чевлите и чантата се круна на секоја комбинација
Имајќи предвид дека во нивната земја лесно можат да се најдат некои од најквалитетните чевли и чанти во светот, не е ни чудо што толку многу ги сакаат.
Италијанките сакаат додатоци, како шалови, очила за сонце и накит, но кога немаат време за модни игри, едноставно ќе се погрижат својот изглед да го комплетираат со добри чевли и соодветна чанта.
Во својот гардеробер секогаш имаат класични модели на чевли и чанти кои ги користат за дополнување на комбинациите со повпечатлива облека, но и поекстравагантни модели на чевли и чанти кои ги комбинираат со едноставни парчиња облека.