Бизнисменот Трифун Костовски за Студио10 изјави дека постојат сериозни индикации дека носењето на Еуростандард банка во стечај бил планиран чин.
„Постојат сериозни индикации дека носењето на Еуростандард банка во стечај бил планиран чин минимум една година наназад. Ние акционерите ја докапитализиравме банката со 11 милиони евра во февруари-март месец 2020 година, а со новиот Управен одбор бевме решени да ги истераме сите аномалии на виделина кои беа практикувани во банката од претходниот Управен одбор каде на многупати се појавува Комерцијална банка како соучесник. Факт е што повлекување на депозитите од Еуростандард банка уште во третиот квартал на 2019 година, на актуелната во тој период министерка за финансии Нина Ангеловска и актуелниот стечаен управник на Еуростандард банка Душко Тодевски, е индикатор дека носењето во стечај на Еуростандард банка бил планиран чин. Говорам за две клучни фигури кои биле запознаени по свои канали за намерата дека Еуростандард банка ќе биде однесена во стечај.“ вели Трифун Костовски за Студио 10.