Бизнисменот и еден од сопствениците на пропаднатата Еуростандард банка Трифун Костовски во соопштение за јавноста вели дека дури и неговиот автомобил марка „Голф” стар 20 години е дел од замрзнатиот имот.
“Јавноста е иформирана дека имотот ми е замрзнат бидејќи е покрената постапка против мене од Јавното обвинителство. Ваквата постапка е измислица на луѓе кои што сакаат да се задскријат зад вистината и да ја делат правдата по нивни терк.
Пред неполни две недели се обидов да го регистрирам моето возило Голф кое што е повеќе од 20 години старо и после сите постапки околу неговата регистрација од полицијата одбиена ми е регистрацијата бидејќи возилото ми е замрзнато. Едно прашувам…ако возилото ми е забрането да го користам, зошто не ми е забрането да живеам во сопствениот дом? Што е целта на овој небулозен чин, да ме казни? Мене!
Ако е така, јас по втор пат објавувам моја граѓанска непослушност и возилото ќе го возам во секоја моја прилика кога ќе ми треба, бидејќи технички е исправно, меѓутоа нема печат од полиција. Јавно го повикувам првиот човек на Јавното обвинителство, Јовески, да не молчи, го охрабрувам да превземе поригорозни мерки против мене, ако сум виновен, меѓутоа очекувам да го повлече случајот, и да ми се извини доколку се покаже дека постапката грешно се води.
Истовремено судиите кои ја водат оваа истражна постапка нека си ја преиспитаат својата совест. Ако сметаат дка се чисти пред себе, тогаш бидете убедени живееме во општество без никакво право и правна заштита. Хаосот царува.
Почитувани, како е возможно да целиот свој живот го посветив чувајќи го своето достоинство кое е признаено во многу европски земји и САД, поради мојот хуман, праведен и човечки однос. Во мојата Македонија да се соочам со институции кои се трудат да го разнебитат моето достоинство. Човек сум. САКАМ И ЧОВЕК ДА ОСТАНАМ.
Постапките кои се водени од нашите правосудни органи нанесуваат болка и гнев, бидејќи нема полошо чувство кога од својот сопствен народ и сонародник си понижуван без никакви основи.
Јас продолжувам, а вие кои ги водите институциите на системот мислете му ја. Слободно ве охрабрувам, посегнете и по мојот живот, ама нема да подпаднам под поданичкиот дух кој што владее со вас.
„Понекад се и добар човек умори од своје доброте, јер док је свима био добар, себи је био најгори“
Зарем оваа мудрост од почитуваниот Меша Селимовиќ важи и за мене”, напиша Костовски.
Comments are closed.