Бизнисменот Трифун Костовски на својата внука Неда Костовска и посака само успеси на патот кој го избрала, а тој, како што ветува, секогаш ќе ја следи и ќе и помага.
Радоста од внуката матурантка тој ја сподели и со јавноста преку својот Фејсбук профил.
„Честитки за сите матуранти во Република Македонија, со мои најискрени желби за нивно доизградување како луѓе кои треба да бидат иднината на нашата држава.
Учете мили мои деца, наоружајте се со знаење, само така ќе успеете во сопствениот живот и животот на целокупната заедница.
Горд сум на мојата внука Неда чие име го носи по мојата покојна баба.
Ангел мој, ти поскаувам да успееш по патот кој што сама си го избрала, а Трики ќе те следи секогаш чекор до тебе“, напиша бизнисменот Костовски.
Comments are closed.