Предупредувањата за родителите во врска со безбедносните мерки на претпазливост за децата во близина на базен никогаш не може да бидат претерани.
Страшните несреќи кои се случиле и кои редовно се случуваат само сведочат за тоа колку малку е потребно работите да тргнат во погрешна насока. Момент на невнимание може да биде фатален.
Една снимка од безбедносна камера од Тајланд укажува на само еден таков случај, кој за среќа заврши добро. Имено, на видеото, кое е едно во низата предупредувања за родителите, се гледа и херојски чин на едно дете.
3-годишната Кана Кануенгнит, 2-годишната Канинг Кануенгнит, инаку сестри, се дружеле околу базенот на нивното семејство во Чианг Маи, во северен Тајланд, на првиот ден од април оваа година. Нивниот татко, 29-годишниот Аписит, ги чувал децата додека нивната мајка била дома.
„Јас чистев во близина на базенот, а жена ми готвеше во кујната зад куќата“, изјавил тој, според Yahoo. „Не планиравме никакви активности во базенот, па не забележав што се случува. Но, кога му го свртев грбот на базенот, мојата помала ќерка падна во него.“
Канинг упаднала во базенот длабок 120 сантиметри и веднаш почнала да се бори за да ја одржи главата над вода. Нејзината постара сестра Кана сфатила дека е во животна опасност и веднаш го повикала татко ѝ, кој сè уште бил свртен со грб и го чистел мебелот во дворот.
Девојчето му врескало на својот татко дека Канинг е во базенот и брзо презела акција. „Не знаев што да правам, заборавив да мислам на телефонот и работите во џебот. Само скокнав во базенот“, изјавил Аписит. Таткото успеал брзо да дејствува и ја извлекол ќерка си од базенот пред таа да потоне на дното.