Една мајка решила да го даде своето дете на посвојување и во тоа време тоа и била добра идеја, но никогаш не го очекувала она што и го донел животот!
Кристина Салом наишла на тешкотии уште на почетокот на животот. За време на нејзиното детство, таа одела од едно во друго згрижувачко семејство. Била малтретирана и запоставена, па воопшто не е чудно што побегнала на само 14. години.
Кога бегаш, животот не е едноставен. Од лоши врски, спиење на улица до питачење. На 17. години го родила синот Матеја, а откако се родил се преселила кај маж кој имал проблем со алкохолот. И покрај постојаните конфликти, таа се обидела да го одржува своето мало семејство.
Потоа таа повторно забременила, но нејзината ќерка починала само неколку дена по раѓањето. Нејзиниот погреб бил извршен на третиот роденден на Матеја. Тоа било премногу за Кристина.
– Морав да славам роденден на едно дете, а да жалам за животот на друго. Тоа ме скрши.
Трагедијата нешто и разјаснила, нешто што и го скршило срцето. Не можела да му обезбеди нормален живот на својот син. Затоа таа го дава на посвојување. Тој имал 3,5 години, а таа 21. Мислела дека тоа е вистинската одлука.
Во тоа време таа се разделила и од партнерот. Следните седум години биле немирни за неа: таа немала јасна цел и не можела да го најде своето место во светот. Таа често немала покрив над главата и била очајна.
Потоа еден ден сè се сменило. Кристина влегла во ресторан и собрала храброст да бара работа. Сопственикот видел нешто во Кристина и решил да и даде шанса. Целиот нејзин живот се превртел наопаку. Сега работела, имала покрив над главата и полека си го средувала животот.
Набргу потоа запознала нов маж, Ник, кој ја третирал со почит. Дотогаш имала само лоши искуства, па ова и било нешто сосема ново. Сега ја запознала вистинската љубов!
Таа и Ник се венчале. А нејзиното дете? Цело време мислела на него. Конечно, Ник ја охрабрил да контактира со социјалните служби и да праша за нејзиниот син.
Она што го дознала воопшто не било она што го очекувала. Во сите 7. години откако го оставила, никој не го посвоил. Сите тие години додека таа плачела по неговата фотографија, тој бил во институцијата каде што таа го оставила.
Таа возела до таму и она што следело било трогателно искуство за сите присутни. Социјалните работници ретко гледаат вакви случаи. Сега, кога мајката е целосно стабилна, на својот син можела да му обезбеди нормален живот.
Кристина не можела да поверува дека повторно е во близина на синот, дека го држи во раце и дека не го изгубила засекогаш.