Педесетгодишен човек почина на Универзитетската клиника за пулмологија од компликации од грип.
Тоа е трет смртен случај од компликации од грип по двата во изминатите десет дена кога девојче почина на Клиниката за детски болести, а 85-годишен човек почина на Клиниката за инфективни болести. Ова денеска го истакна д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.
– Сите имале хронични заболувања, не биле вакцинирани против грип, биле третирани со антивирусна терапија и биле позивини на инфлуенца АH1 поттипот, рече д-р Кузмановска, која посочи дека има зголемена активност на грипот во државава и регистрирани се 5.660 заболени од грип, што е зголемување за 74 отсто.
Во меѓувреме, од Министерството за здравство соопштија дека Комисијата за заразни болести редовно ја следи состојбата со грип во државата и согласно стручните препораки се забранети посетите на хоспитализирани пациенти во јавните здравствени установи, со цел да се спречи натамошно ширење на грипот.