Во третото продолжение од видео и аудио снимките кои италијанскиот весник „Ла верита“ ги објавува за случајот „Рекет“ се слуша како Бојан Јовановски, Јордан Камчев и, како што вели италијанскиот новинар Катица Јанева, кои очигледно се веќе во постојана комунукација, добро се разбираат во однос на тоа како треба да оди постапката во случајот „Империја“ во кој Камчев е еден од првосомничените.
Од разговорот се слуша дека, највeројатно специјалната обвинителка Катица Јанева на Камчев му вели дека Лиле Стефанова, обвинителката која го води случајот „Империја“, е под нејзина контрола.
-Јас сум премногу ангажирана затоа не ја држам редовно под контрола, инаку она без мене не може ништо – му вели Јанева на Камчева. Таа зборува за обвинителката Лиле Стефанова, од која, како што објаснува Бојан Јовановски, Орце се плаши.
Потоа во друга снимка, Камчев му ѕвони на Бојан 13 и се жали дека СЈО пуштило покани за 8 души, меѓу кои „братот на Ана“. Од другата страна на линијата Боки 13 е со некое женско лице и ја потпрашува, а таа објаснува дека тие се сведоци, а не осомничени.
Потоа Бојан му објаснува: „Подобро заради постапката за да пројде сè за на крај да биде силна спогодбата“, на што повторно го прашува женското лице: „Имаш нешто да додадеш?“, а таа одговара: „За малку активности да има во април“.
Орце Камчев додава: „Добро, значи техничко прашање, така?“, а Боки 13 одговара: „Така е!“, на што Камчев дополнува: „Шминка, шминка…“