Откако го прослави својот 40-ти роденден, Џина Андерсон сакаше да се „почести“ со мали корекции и да се подмлади.
Џина е невролог, а нејзината колешка ја упатила на клиниката каде доживеала вистинска животна драма.
Имено, нејзината голема желба со години била да има малку пополни образи за да изгледа посвежо и поодморено. По препорака отишла на клиника за естетска хирургија и решила да вбризга филер во споменатиот предел на лицето. Процедурата поминала добро, по неколку дена отокот се смирил и се чинело дека се е во ред. Џина била задоволна од резултатите, а 4 години подоцна следи пекол.
Под нејзиното око се појавил голем израсток, кој на крајот се претворил во дупка.
Се испоставило дека наместо филер докторот вбризгал силикон, кој телото го отфрлил, а тој како резултат се поместил.
Очајна да го поправи, таа се обрати на неколку адреси, но проблемот постојано се враќал. На крајот побарала помош од познатото телевизиско дуо, д-р Пол Насиф и д-р Тери Дубро, кои се познати како лекари кои ги поправаат најстрашните грешки на естетските хирурзи.Тие самите биле изненадени бидејќи реакцијата се случила дури после 4 години . „Отфрлањето на силиконот обично се случува во рок од 4 месеци, ова е специфичен случај.“
Но, тие не чекаа долго, туку започнаа да го решаваат овој проблем.
Не се препорачува вбризгување силикон во делови од телото кои имаат премногу крвни садови, бидејќи може да доведе до сериозни компликации, нагласуваат лекарите.
За време на операцијата, лекарите, покрај силикон, во нејзиниот образ пронашле и парче што личело на газа.
„Јасно е дека се работи за непрофесионално извршена операција, тоа е недозволиво“, заклучија едногласно.
Сепак, успеале да ѝ го решат проблемот и речиси целосно да ѝ го вратат лицето во првобитната состојба.