Досега имавме многу среќа. Луѓето го откриле нуклеарното оружје пред 77 години, но не го користеле да убијат меѓу себе уште од Нагасаки.
Создадовме ракети со голем домет, како што не потсети гордо Владимир Путин минатата недела кога ги претстави своите интерконтинентални балистички ракети „Satan II Sarmat“.
Си играме со генетски инженеринг, вселенски патувања, вештачка интелигенција, па дури и ја зголемуваме вирулентноста на некои патогени, но сè уште намерно не сме употребиле оружје за масовно војување, вели Алистер Хит за „Telegraph“.
Зошто толку песимизам?
Со добри времиња доаѓаат ароганција и самозадоволство, а шансите за уште голем глобален судир – и во најлош случај уште една светска војна – се многу поголеми од тоа што мислиме. И продолжуваат да растат. Никој не ја знае точната веројатност, но дури и 10 проценти шанса за глобална катастрофа во овој век би била застрашувачка и би требало да го оправда итниот фокус на секоја западна земја да се избегне армагедон со моќно одвраќање, нови сојузи, големи вложувања во одбранбено оружје и итен дипломатски ангажман.
Тоа делумно е игра на броеви
Ширењето на напредните технологии, вклучувајќи идиотска грешка како што била нуклеарната пролиферација, имплицира дека повеќе земји имаат способност да направат голема штета, а геополитиката станува се посложена со завршувањето на американската хегемонија, со што се зголемуваат шансите за фатално недоразбирање или некој локален судир во Африка, Латинска Америка или Азија да излезе од контрола.
Зошто, добога, Администрацијата на Бајден не може да види дека со дозволата Иран да стане нуклеарна сила речиси ќе гарантира барем регионална војна?
Студената војна бил едноставен судир, а пак го преживеавме со многу среќа. Кенеди не го спаси светот во текот на кубанската ракетна криза. Вистински херој бил Василиј Архипов, втор командант на руска подморница, кој во октомври 1962-ра година се спротивставил на наредбата на својот капетан, збунет поради недостиг на контакт со Москва, да лансира нуклеарно торпедо на Америка.
Имало и други такви слични „промашувања“, како тој кога Русите ја помешале „Able Archer“, НАТО вежба, со вистински напад, како што е прикажано во серијата „Deutschland 83“. Во денешниот далеку посложен свет и со параноични диктатури како Северна Кореја, кои сега се способни да направат голем масакр, на земјите ќе им биде уште полесно да залутаат во тотална војна.
Фактот дека Русија толку лошо минува на украинското бојно поле е добра вест, но не би требало да ни даде лажно чувство за безбедност. Освен Германија, Западот покажал добри резултати, поддржувајќи ја Украина на моќен начин, но другите нации како Индија, Пакистан и Кина ги отфрлиле тие напори.
Кај сили во настанување би сакале да ја задржат можноста за инвазија на еден од своите соседи – Тајван е очигледно жариште – и веќе не се подготвени да му попуштаат на Западот.
Консензусот по 1945-та година исчезна, како и повеќето држави кои им дозволувале на ривалските држави полу-менаџирање на своите спорови, не само дотраените Обединети Нации. Империјализмот се врати, како и цивилизациските држави. Индија и Пакистан се вооружени до заби, и по многу прашања се во судир.
Светот станува се повеќе, а не се помалку опасен
Имам многу други лидери кои сакаат да станат Путин, а подобро се опремени да сејат смрт и уништување. Биотероризмот е сè поголема грижа.
Во текот на Студената војна САД верувале дека успешно ја одвратиле советската употреба на нуклеарно оружје благодарение на својата доктрина за взаемно осигурано уништување, но историчарите ги читале декласифицираните московски документи сфаќаат дека тоа било заблуда.
СССР планирал тактички да употреби нуклеарки во раната фаза на каков било судир со НАТО.
Постои ли такво размислување денес во Москва или во некоја друга нуклеарна сила? Како да одговориме на „случајно“ конвенционално бомбардирање на некоја цел во Полска? Или тактичка употреба на нуклеарно оружје на Русија во Украина?
Псевдорационалниот Запад и натаму лошо сфаќа како деспотските лидери калкулираат со тоа што е во нивен најдобар интерес, зошто коцкањето со високи влогови би можело да има смисла за нив и како другите погрешно ги читаат постапките на Западот.
Многу сме под влијание на теориите на игри на ниско ниво и отфрламе можност за уште една светска војна како незамислива.
Класичен пример, како што раскажал Кит Пејн во својата книга „Заблудите од студено-военото одвраќање и нови насоки“, било кога Дим Ачесон му кажал на Рузвелт во август 1941-ва година, четири месеци пред Перл Харбор, дека ниеден рационален Јапонец не може да очекува дека нападот на нас би можел да резултира со што било освен со катастрофа за неговата земја.
Ачесон бил во право дека тоа ќе заврши ужасно за Токио, но фатално погрешил кога не сфатил дека јапонскиот естаблишмент сам се уверил дека всушност е осуден ако не нападне. Јапонците сметале дека немаат избор – Путин можеби размислува исто.
Луѓето не научија да се разбираат едни со други
И покрај модерната комуникација, човековите суштества сè уште не научија да се разбираат едни со други. И натаму не можеме да влеземе во главите на нашите непријатели за вистински да го сфатиме нивното размислување, нивните ставови (колку и да се погрешни), нивните претпоставки и нивните вредности (колку и да се одвратни).
Преапстрактни сме, недоволно сконцентрирани на карактеристиките и премногу морално арогантни, претпоставувајќи дека Русија и Кина совршено ја разбираат нашата политика, нашите вредности и нашите реакциони функции.
Не го разбираме расудувањето или импулсите кои се надвор од нашите рамки, нашиот етички систем. Затоа и натаму не успеваме да предвидиме како ќе се однесуваат одметнатите земји. Не ги разбираме нивните перципирани компромиси. Проблемот, како што тврди Пејн, е што бркаме рационалност со разумност, или со тоа што го сметаме за разумно.
Темелната неповрзаност не гледа во лице; науката и технологијата продолжуваат да се усовршуваат, правејќи ја војната се поопасна, подеструктивна и поедноставна, но западната државна власт атрофирала, заедно со нашите политички институции, нашето разбирање на историјата, нашата дипломатија и нашата способност за јасно гледање на ризикот.
Ако Велика Британија, САД и другите не ја подобрат својата политика драматично, изгледите за светски мир изгледаат се помрачно, заклучил Алистер Хит.