Светот стравува од Трета светска војна. Украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник даде интервју за германски „Билд“ во кое вели дека таа војна е веќе почната.
„Трета светска војна веќе започна. Нападот на Путин на Украина ги погодува сите. И Германија, иако сè уште не воено. На сите треба да им биде јасно: Путин сака империјалистички светски поредок со намален НАТО сојуз, сојуз чии Полска, Чешка и Словенија повеќе нема да биде членка“, рече тој.
Додава дека на Украина и треба модерно оружје, а од Германија добила тенкови стари по 40 години.