Водечкиот германски вирусолог Кристијан Дрoстен верува дека третата доза на вакцината против коронавирус не е неопходна за повеќето вакцинирани луѓе.
„Заштитниот ефект на вакцината против корона е многу подобар отколку, на пример, со вакцината против грип“, рече тој за ДПА, како што пренесуваат германските медиуми.
Дростен очекува вакцините да бидат ефикасни и против новите соеви.
„Оваа есен, важно е прво да ги затвориме сите дупки за вакцинација за граѓаните постари од 60 години“, рече Дростен.
Би било пожелно да се даде третата доза на есен само за постарите граѓани, и ризичната група, посочи тој и додаде дека по половина година од приемот на вакцината, нивото на антитела јасно се намалува само кај постарите граѓани