Заштитата од тешка форма на Ковид-19 се зголемува на 97 проценти 16 дена по третата доза на вакцината против коронавирус, објави израелскиот ТВ Канал 12.
Според податоците на израелското Министерство за здравство, заштитата од инфекција достигнува 95%, 16 дена по третата доза.
Во извештајот се наведува дека иако нивото на антитела е значително повисоко за седум дена од третата доза, тоа го достигнува својот врв по 16 дена.
Повеќе од 1,7 милиони Израелци добија трета доза од почетокот на август, а од вторник, Израелците над 30 години, исто така, можат да ја добијат третата доза, додека над 70 проценти од оние над 70 години веќе се имунизирани по трет пат.