Многумина се прашуваат како Џенифер Лопез успева да има витка линија на тело, а има 52 години.
Нејзе телото ѝ е извајано, а секој мускул затегнат, за облини кои ги има зборуваат и многу од жените. Тоа што е пресудно за изгледот на Џеј Ло е редовниот тренинг, но и начинот на исхрана.
Токму нејзиниот личен тренер открил како познатата пејачка тренира. Тој го пофалил фокусот и волјата на пејачката редовно да вежба, што воедно е и една од најважните работи кога сакате да го трансформирате вашето тело.
„Комбинираме кардио вежби, вежби за цело тело, како и посебни вежби за долниот дел од телото. Сите тие вежби се многу интензивни и таа ги сфаќа сериозно, што е возбудливо за некој како мене“, раскажал Дејвид.
Имено, Џеј Ло внимава и на својата рутина и стил на живот надвор од теретана. Таа внимава што јаде, колку спие и се обидува стресните ситуации да ги сведе на минимум.
Латино дивата е позната по речиси војничкиот режим на исхрана. Има многу цврст карактер, па така и некои намирници никогаш не ги консумира.
Најмногу јаде зелен зеленчук, особено брокули, додека пак јаглехидратите ги консумира само преку овесни снегулки, кафеав ориз, киноа и компир.
Сопственичката на големите светски хитови никогаш не консумира алкохол поради тоа што докажано е дека тој го забрзува стареењето.