“ Веќе 40 години сум тренер, но никогаш вака не сум се чувствувал. Од кога се случи трагедијата со Сала, единствено за што размислувам е оставка. Неможам да издржам кога сум сам со своите мисли. Се обидувам да заспијам, но тоа е неможна мисија. Исто така уште три-четири играчи се во очајна состојба. Треба да бидам мотиватор, но кој мене ќе ме мотивира? Затоа размислувам на оставка“, вели тренерот на Кардиф , Нил Ворнок, по поразот од Арсенал од 2-1.
Инаку, Британската Агенција за цивилно воздухопловство објави денеска дека на плажа на северозапад на Франција се најдени делови од седиштето , за кои се верува дека му припаѓале на авионот во кој настрада фудбалерот Сала.
Малиот авион со кој фудбалерот на Кардиф , Емилијано Сала се враќаше од Нант , минатиот понеделник се изгуби од радарите за време на летот над Ла Манш. Спасувачите го пребараа морето и околината на неколкуте островчиња во Ла Манш , но по три дена ја прекинаа потрагата.