Пејачката Ара Квин Беј која е вистински пример за облик на тело во вид на песочен часовник, е вистински љубител на провокативните костими за капење.
На плажа во Мајами таа покажала дека го поддржува трендот којшто се одликува со неколку детали – горниот дел се носи на половина од градите, а долниот дел од костимот за капење исто така е многу предизвикувачки и со танга.
Многумина сметаат дека таа еволуција всушност е негодување и дека е уништена убавината на класичните модели. А, некои додаваат и дека најмногу им се допаѓаат комбинациите на некогашните и нови трендови.