Го знаеме како Трендо, некогашниот водител на квизот „Кој сака да биде милионер“, Трендо од “Оф нет“, но ретко кој го знае во семејно издание.
Сашо Мацановски-Трендо и неговата сопруга Зорица Црношија се посветени родители на синот Мате и на ќерката Бела.
„Тие се најубавиот микс од нас двајца. Мате е чувствително дете, а Бела е роден изведувач како татко и. Вложуваме во домашното воспитување и внимаваме на харомонијата во домот“, изјави во една прилика Зорица.
На социјалните мрежи таа од време на време знае да објави среќна семејна фотографија.