Албанскиот премиер Еди Рама ненадејно стана дел од најновиот филм на Ермал Мамаќи „Ја сакам Тропоја“, јавува Коха Јоне.
Сè уште не е познато во која улога ќе игра шефот на албанската влада, но на социјалните мрежи се објавени првите негови слики како ќе изгледа во улогата, облечен во црно, со долга коса и со чудно око.
Според медиумите, една од причините што Мамаќи го поканил Рама во филмот е публиката. „Коха јоне“ пишува и дека со улогата премиерот сака да го одвлече вниманието од политичката криза во земјата.
Инаку, Еди Рама е препознатлив и по тоа што комбинира спортски патики со класични костуми на официјалните средби со светските политичари.