На австрискиот канцелар Себастијан Курц и вработените во неговиот кабинет им се закануваат со смрт.
По влошувањето на внатрешната политичка состојба по објавата дека против Курц е покрената истрага поради наводни лажни изјави пред истражниот комитет во врска со случајот „Ибица“, заканите стануваат се почести.
Најновата закана пристигнала во форма на разгледница, на која засега непознато лице се заканува дека ќе го убие.
Покрај заканите кон Курц, во разгледницата имало и закани кон соработници во неговиот кабинет, на кои им се заканува „задушување“.
Исто така, неговото изразување солидарност со Израел натера неколку лица да испратат е-пошта со закана до Курц и неговиот тим, со порака „Треба да ве убијат, пријатели на Евреите“.
Властите ја испитуваат секоја закана што стигнува до канцеларијата на канцеларот и се обидуваат да откријат кој стои зад нив.
Полицијата посочува дека критиката во демократијата е важна и треба да се изрази, но дека заканите се кривично дело.