Аца Лукас неодамна остро ја прокоментира победата на српската „Песна за Евровизија“ т.н. „Беовизија“, која ја однесе пејачката Констракта, која на публиката ѝ се претстави со песната „In Corpore Sano“.
Лукас тогаш изјави дека „можеби и ќе победел доколку си ги измиел нозете на сцената“, имајќи предвид дека победничката ги мие рацете речиси во текот на целиот настап, а сега токму Констракта е таа која одговори на овие забелешки.
– Имав добри намери, сакав да направам нешто за мојот народ и за мојата земја. Ниту се изнервирав, ниту се налутив, кога видов дека нема никаква корист, едноставно се откажав – рекол Аца Лукас и додал:
„Не ми се допаѓа песната, бидејќи имаше многу подобри. Да си ги измиев јас нозете на сцената, можеби ќе победев.“
Констракта не обрнувала многу внимание на негативните коментари, но низ смеа му одговорила на Лукас:
– Мене тоа ми е забавно. Мислам дека ќе беше уште подобро ако му ги измиев нозете во мијалникот. Мислам, морам да кажам дека не сум сигурна дека Лукас навистина го изјавил тоа… Што и да е, забавно е – рекла Констракта.
Изминативе денови Лукас не се откажува од наративот дека победата на Констракта за српски претставник во Торино, Италија 2022 година е местенка.
Инаку, Констракта, чие вистинско име е Ана Ѓуриќ, сите ги воодушеви со специфичниот перформанс, силниот текст и пораката.