104
Вљубен пар кој се претставува како „twobeams1light“ на ТикТок неодамна сподели видео од неочекувана ситуација што ги снајде токму во клучен момент.
Во мигот кога момчето клекнало пред својата девојка за да ја запроси и го извадило прстенот, еден постар брачен пар случајно поминал пред камерата, целосно покривајќи го романтичниот чин.
Сцената набргу стана вирална, со над 13 милиони прегледи, по што двојката се пошегува дека запросувањето ненамерно се претворило во совршена реклама за Сникерс.
Инаку, предложувањето се случило на Санторини, а многумина во коментарите побараа Сникерс да ја спонзорира свадбата на оваа двојка.
