По веста за разводот, Бритни Спирс повторно ја шокира јавноста со своето однесување. По бизарните видеа со пријателите, на кои една нејзина пријателка и ја лиже ногата, Бритни реши преку својот Инстаграм профил да сподели видео на кое се гледа како јава коњ топлес.
„Морав да го соблечам горниот дел во пустина. Требаше да бидам гола“, напиша пејачката во описот, но видеото набрзо беше избришано од Инстаграм.
Имено, на дел од фотографиите кои ги сподели од својата авантура во пустина, Бритни Спирс носеше каубојска капа, бели панталони и жолт топ, но на споменатото видео грбот и беше гол.