Се самоуби еден од омилените готвачи во Франција, Јапонецот Таку Секине. Пред неколку недели тој се отсели од Франција поради обвинение за обид за силување. Имаше 39 години и беше сопственик на ресторанот “Дерсо“ во Париз кој во 2016 година беше прогласен за најдобар во Франција.
Веста за неговото самоубиство го објави сопругата Сара Бергер, коjа ги обвини медиумите:
„Смртта на мојот сопруг не е случајна, ни вообичаена. Таку Секине си го одзеде животот поради тешка депресија предизвикана од јавни обвинувања на социјалните мрежи и еден специјализиран портал. Некои актери, особено оние од медиумите, намерно неколку недели и во отсутност на каква било формална пријава го уништија неговиот углед. Тие злонамерни луѓе организираа брутална кампања за деловно уништување на мојот сопруг, без никогаш директно да го контактираат. Со одземено право на изразување на неговиот талент, Таку, кој живееше за готвењето, два месеци се затвори дома и падна во депресија. Овој напад на неговата чест и интегритет е длабок. Во депресијата признаена и од докторите го изгуби животот. Никогаш не беше предмет на ниту една истрага или пријава. Спротивно на тоа што го тврдеа медиумите, тој никогаш не побегна во Јапонија. Остана во Франција, меѓу своите, длабоко вкоренет во јапонската култура и вредноста на честа. Праксата на трачеви, анонимни сведоштва и неосновани тврдења се знак на тешко колективно нарушување. И таа успеа да уништи страстен човек, сопруг и татко полн со љубов и внимание“, напиша Бергер.
Инаку, ниту едно официјално обвинение не е покренато против Секине и тој не беше истражуван од полицијата.