По 13 години, водителката на утринската програма Душица Спасиќ ја напушта Радио телевизија Србија и заминува во Пинк телевизија. За оваа понуда Душица размислувала неколку недели, и конечно прифатила да буде дел од утринската програма на Пинк, на местото на Деа Ѓурѓевиќ која сеуште се опоравува откако во сообраќајна несреќа тешко и беше повредена една рака, односно, автобус и ја искорна, па во Ургентниот центар во Белград и беше спасена.
– На Душица прво и беше понудено да го води Националниот дневник и вестите, а да биде и автор на одредени политички емисии. Подоцна, и е понудено да ја води Утринската програма на Пинк, се додека Деа Ѓурѓевиќ не се врати. Не верувам дека парите беа одлучувачки за најзиниот трансфер, бидејќи Душица одамна тврдеше дека сака да се испроба во друга телевизиска куќа – изјавил извор за блиц.рс.