Трансроден модел со инвалидитет потпиша со модна агенција (ФОТО)

by Тони Зографски

Животот на Арон Филип се смени откако стана прв афроамерикански трансроден модел со инвалидитет , кој потпишал договор со голема агенција.

Откако во септември минатата година се приклучи кон Елит Модел Менаџмент, 17 годишниот модел сними едиторијал за магазинот и-Д , а се најде и на пописот на  ”21 Ундер 21” Теен Вогуе. Работеше и на кампањи на големи модни куќи, кои и ја отворија ширум вратата кон светот на модата.

View this post on Instagram

i wanna make u mine

A post shared by aaron philip (@aaron___philip) on

Арон е родена на Антигва со церебрална парализа и се идентификува како трансродна личност , а сега живее во њујоршкиот кварт Бронкс.

,, И натаму постои недостаток на видливост и внимание кон луѓето со инвалидитет во модната индустрија. Моментално сме само јас и Џилијан Меркадо модели во целиот свет.”

Таа не сака да ја нарекуваат активистка , но смета дека инвалидноста , а не фактот што е трансродна личност , во најголем број случаи главната пречка за влез во врвот на модата.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com