Соединетите Американски Држави почнаа со повлекувањето на своите трупи од Сирија, соопштија од Белата куќа. Одлуката ја донел Доналд Трамп кој изрази желба за повлекување на војниците од Сирија.
– Ја поразивме ИД, тоа беше единствената причина поради која бевме таму, напиша Трамп на Твитер.
„Територијалниот калифат на милитантите“ беше поразен“, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.
Таа додава дека победата над Исламската држава во Сирија не значи дека нема да постои, туку само дека „преминуваат во нова фаза“.
Моментално има околу 2.000 американски војници во Сирија, а повеќето од нив соработуваат со курдските и со арапските милиции во борбата против Исламската држава.