Доналд Трамп Јуниор, синот на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата девојка Кимберли Гилфојл ја раскинаа свршувачката, потврдија повеќе извори за магазинот „Пејџ Сикс“, пренесува „Б92“. Сепак, тој не е сам.
Имено, Доналд Трамп помладиот не чекал долго, наводно си нашол нова партнерка. Како што изјавија повеќе извори за гореспоменатиот магазин, станува збор за девојка која е дел од високата класа, Бетина Андерсон.
Упатените додаваат дека Трамп Џуниор и Кимберли веќе некое време биле во лоши со поранешната девојка и декa било прашање на денови кога ќе раскинат.
Покрај тоа, Доналд Џуниор во последните неколку месеци неколку пати беше фотографиран во друштво на Андерсон, што дополнително ги подгреа гласините.
„Бетина и Трамп јуниор се заедно неколку месеци. Тие се многу слатки и среќни. Нивната врска изгледа толку природно и сите се среќни за нив“, открил изворот.
Доналд и неговата свршеница сè уште не се изјасниле за овие наводи – а ниту неговата наводна девојка Андерсон.