Трамп во текот на интервјуто зборувал и за неодамнешните пофалби од рускиот претседател Владимир Путин упатени до него.
Трамп бил критичен кон водењето на руско-украинската војна од страна на Бајден, тврдејќи дека би можел брзо да стави крај на судирот ако е тој претседател, иако експертите ги демантираат тие тврдења.
Доналд Трамп рекол дека ги поздравува коментарите на рускиот претседател Владимир Путин, кој изјавил дека на Москва би и било мило ако поранешниот американски претседател го исполни кажаното дека ќе ја реши украинската криза во рок од неколку дена.
„Ми се допаѓа тоа што го кажа затоа што тоа значи дека тоа што го зборувам е точно. Би годонел во соба. Во истата соба би го ставил и Зеленски. Тогаш би ги споил. Ќе се договориме“, рекол некогашниот американски претседател.
Меѓутоа, во своето обраќање во вторникот Путин всушност изјави дека Москва не очекува никаква суштинска промена во американската надворешна политика во односот кон Русија, без разлика на тоа кој ќе ја преземе Белата куќа по изборите следната година. „Трамп е обвинет дека има посебни односи со Русија, што е тотална бесмислица. Тој беше претседателот кој и воведе најмногу санкции на Русија“, забележал Путин.
Трамп продолжил да го избегнува објаснувањето што неговиот план би подразбирал иако тврдел дека ќе направи „фер договор“.
Иако не ставил јасно до знаење што би направил во врска со судирот, Трамп во текот на интервјуто често тврдел дека немало да има војна ако останел претседател.
„Никој не беше поцврст од мене со Русија, но сепак се согласував со Путин. Да ви кажам, многу добро се согласував со него, тоа е добра, а не лоша работа“, рекол тој.