Американскиот претседател, Доналд Трамп, е полош од Путин, изјави руско-американската новинарка Маша Јесен, во интервју за „Гардијан“, четири години откако предвиде дека Трамп ќе го претвори САД во автократија.
Авторот и колумнист на списанието „Њујоркер“ веќе дваесет години пишува за рускиот претседател Путин, а во 2016 година, кога Трамп беше избран за претседател, таа напиша есеј во кој пишува дека тој не треба да се смета за обичен политичар и дека ќе ги претвори Соединетите држави во автократија, во стилот на Путин.
Во новата книга, „Surviving Autocracy“, вели дека Трамп е близу до воспоставување на автократско владеење.
– „Целата таа слика, вклучително и чистењето на плоштадот со солзавец во присуството на борбените хеликоптери „Црн јастреб“, беше ужасна“ – изјави таа за „Гардијан“
На прашањето на новинарите, кој смета дека е полош, Трамп или Путин, Јесен одговори со „Трамп“.
„Никогаш не помислив дека ќе го кажам тоа. Тие имаат многу заеднички карактеристики, иако тие се екстремно различни во темпераментот. Двајцата презираат исклучителност, двајцата ја мразат владата и двајцата водат кампања против владата, дури и како претседателите на тие држави.“