Повеќе од 50 агенти на Тајната служба се повредени во немирите во близина на Белата куќа која осамна во мрак, во моментот кога според американските медиумите Доналд Трамп бил пренесен во подземен бункар каде што минал околу еден час.
Бункерот е направен, специјално за претседателот и високите официјални лица, како засолниште во случај на терористички напад или слична вонредна состојба.
Белата куќа засега не сакала да ги коментира ваквите наводи.
Инаку, полицискиот час воведен во 40 градови не го намали интензитетот на протестите. Напротив, демонстрации се одржаа во дури 150 градови. Најмасовно беше во Њујорк, Чикаго, Филаделфија и Лос Анѓелес. Уапсени се неколку стотици луѓе, голем дел во масовните грабежи на продавници.
Во жариштето на протестите, Минаеполис во маса од околу илјада луѓе влета цистерна, чиј возач веројатно не знаел дека патот е блокиран. Тој е уапсен од полицијата, чии припадници почнаа масовно да им оддаваат солидарност на демонстрантите преку симболично клекнување на улиците.
-Секој заслужува исто достоинство. Кога марширавме немаше никаква штета, никој не беше уапсен, вели Крис Свенсон, шериф
Според обемот на протестите во САД се проценува дека ова се најмасовни собири против расната дискриминација по атентатот на Мартин Лутер Кинг во 1968-та година. Демонстрации со поддршка се одржаа во неколку светски метрополи, вклучително и во Лондон.