Претседателот Доналд Трамп во средата, за време на состанок на кабинетот во Белата куќа, даде изјава за Европската унија во контекст на економските тарифи.
Претседателот зазеде борбен став кон Европската унија во однос на трговијата, најавувајќи план за воведување на 25% тарифа на нивните увозни стоки.
„Донесовме одлука, ќе ја објавиме многу скоро, ќе биде 25% генерално зборувајќи,“ им рече тој на новинарите. „Ќе биде на автомобили и на сите работи.“
Трамп често се жалеше на 10% тарифите на Европската унија за автомобили увезени од САД, додека САД наплатува само 2,5% тарифа на автомобили од ЕУ.
Претседателот коментираше дека му се допаѓа Европа, дури спомнувајќи го своето европско потекло, но вети дека ќе ги натера да плаќаат повеќе за нивните увозни стоки.
„Ги сакам земјите од Европа, ги сакам сите земји искрено, сите различни, но Европската унија беше формирана за да ги за*бе САД, мислам, да бидеме искрени,“ рече тој.