Леонардо Дикаприо (47)и манекенката Камила Мороне (25) раскинаа, објави магазинот People. Извори блиски до парот ја потврдија веста, но причината за раскинувањето не е позната.
Последен пат заедно беа видени на почетокот на јули. Фотографите тогаш ги снимиле како шетаат на плажата во Малибу со своите кучиња.
Иако ова раскинување делува прилично вообичаено во Холивуд каде познатите постојано го прават тоа, можно е зад овој крај да има подлабока приказна. Имено, уште од 2019 година кружеле приказни дека Леонардо ќе ја напушти Камила точно во 2022 година, кога таа ќе наполни 25 години.
И навистина, Камила го прославила 25-от роденден во јуни годинава, а набрзо потоа тие раскинале. Звучи бизарно, но краткиот осврт на љубовниот живот на славниот актер јасно покажува дека никогаш во животот не се забавувал со жена која има над 25 години – тоа е горната граница.
Актерот беше во врска со Камила повеќе од четири години. За нивната врска почна да се зборува во јануари 2018 година кога заедно беа на патување во Колорадо. Врската ја потврдија две години подоцна, кога седеа заедно во првиот ред на Оскарите.
Пред три години, извор близок на парот изјави за People дека „нивната врска е сериозна и Камила поминува многу време во куќата на Лео“.
Тој додаде дека познатиот актер им ја претставил манекенката на своите родители.