Американски и швајцарски алпинист починаа на Монт Еверест, соопштија утрово непалските планинарски служби.
Швајцарскиот алпинист починал од истоштеност. Тој се качил на врвот, но имал проблем при спуштањето.
Слично, и американскиот алпинист ненадејно починал од исцрпеност во првиот логор за време на спуштањето.
Инаку, Непал издаде 408 дозволи за искачување на врвот на Монт Еверест, на 8.848 метри надморска височина во оваа сезона.
Поради пандемијата со ковид-19, минатата година беше забрането искачување на највисокиот врв во светот.
Непал ги олесни карантинските мерки за оваа сезона во надеж дека ќе привлече повеќе алпинисти, и покрај ризикот од инфекција со ковид-19 за време на експедиција на голема надморска височина, без опции за третман.