Душан Стевиќ, возач на камион од Србија, го загуби животот кога крадци во Романија се обиделе да го ограбат возилото што го управувал.
Информација за смртта на Душан, кој е родум од Јагодина, ја објавија неговите колеги на социјалната мрежа Фејсбук во групата „Друг са друма – отворена група“. Според нив, смртта следела откако организирана група крадци се обидела да упадне во неговиот камион додека тој спиел во него, а бидејќи наводно користеле гас, тоа довело да престане да работи срцето на Душан.
„Почитувани колеги, не напушти уште еден наш колега од Јагодина. Според информациите што ги добив, колегата го загубил животот во Романија. Проклетите крадци ја испрскале кабината со гас додека Дуле спиел и срцето му застанало. Ја остави сопругата и малолетниот син Александар и ќерката Ленка. Додека беше жив Дуле се грижеше за нив, а сега ако не помогнеме навистина нема никој. Би ги замолил сите колеги да помогнат финансиски колку можат.
Тој додаде дека се уште не е познато дали криминалците се уапсени, ниту дали срцевата слабост предизвикана од гасот е вистинската причина за смртта.