Можеби најголемата навивачка на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, Мари Лаур изврши самоубиство.
Оваа информација ја сподели со јавноста нејзината сестра, која го објави нејзиното проштално писмо.
– Сакам да одам, сакам да го напуштам овој свет и да се одморам. Многу сум уморна – пишува во пораката што ја објавила Мари.
На Твитер профилот на трагично загинатата Белгијка има објави исклучиво посветени на Новак Ѓоковиќ.
Мари го следела секој негов чекор и ги објавувала сите можни детали за него.
По поразот од Александар Зверев во Токио, таа напишала дека срцето и е скршено поради Новак и дека ги мрази Олимписките игри.
„Зошто ова боли повеќе отколку што треба? Се чувствувам премногу депресивно. Тенисот понекогаш може да биде толку суров. Моето срце е скршено. Новак, знам дека боли, но се надевам дека наскоро ќе бидеш добро. Секогаш има толку многу очекувања и притисок врз тебе, мора да е тешко што секогаш треба да се справиш со тоа. Ти испраќам многу љубов и позитивна енергија, сите те сакаме “, напишала таа неколку дена по поразот на Новак од Зверев во Токио.
Во една прилика, таа објаснила дека станала голем фан на Новак по поразот во финалето на Ролан Гарос од Надал во 2012 година.
„Се сеќавам дека станав твој голем обожавател на Ролан Гарос во 2012. година, тогаш ми го привлече вниманието. Се сеќавам дека со часови барав за тебе на Google и YouTube. Оттогаш, мојата љубов и восхит кон тебе само се зголемија. И можам само да кажам благодарам за се“, напишала Мари во една прилика.
Таа успеала и да се радува со Новак.
По нејзината смрт, нејзината сестра објави еден од текстовите кои покажуваат колку несреќна Мари го сакала Новак.
„Ноле, во текот на сите години што поминаа, многу работи се сменија, но мојата љубов и восхит кон тебе само пораснаа. Целата твоја работа, посветеност се исплатеше и сега погледни што се освои и какви неверојатни работи постигна, шампионе. Мора да бидео горд на себе како и сите ние! И со својата личност, карактер и скромност, ги освои срцата на илјадници луѓе, вклучувајќи го и моето. Ноле, можам само да ти се заблагодарам, затоа што си она што си. Можеби дури и не го знаеш тоа, но многу влијаеше врз мојот живот, беше еден од моите најголеми примери“, стои во потресниот текст.